| КАРАОРМАН АД е формиран 1947 година со доминантна дејност трговија на големо со градежни материјали. Во текот на своето шестдецениско постоење има извршено повеке статусни и организациски измени за да од 1991 се трансформира и работи како КАРАОРМАН акционерско друштво за трговија, угостителство и услуги извоз-увоз Скопје. Повеке од шест дeцении искуство во работењето, континуиран квалитет на услугите, посветеност, лојалност, тимска работа, ориентираност кон клиентите,клиентот на прво место! Со КАРАОРМАН АД раководи тим од искусни менаџери со долгогодишно успешно работење, 50 професионално квалификувани вработени за што покажуваат и долгогодишните успешни резултати. Политиката на компанијата: фокусираност кон зголемување на задоволството на клиентите, почитување на вработените, ветува континуирано подобрување и унапредување на процесите кои се изведуваат и услугите кои се нудат. |